Зеленски ја соблече униформата, се појави во костум на самитот на Нато: Еве ја пораката (видео)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го привлече вниманието на јавноста поради појавувањето во елегантен црн костум на официјалната вечера во рамки на самитот на НАТО, која се одржа во кралската палата во Ден Бос, во организација на кралот Вилем-Александер и кралицата Максима.

На вечерата присуствуваа шефови на држави и нивните партнери од целиот НАТО сојуз, а изгледот на Зеленски предизвика бројни реакции, особено поради тоа што за време на посетата на Белата куќа, во март, беше прашан зошто не носи костум.

Тогаш еден новинар му постави прашање во Овалната соба: „Зошто не носите костум? Дали воопшто имате костум?“
Прашањето предизвика смеа кај американскиот претседател Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и други официјални лица.

Зеленски, не покажувајќи вознемиреност, тогаш одговори: „Имате ли вие некаков проблем?“
А потоа додаде: „Ќе облечам костум кога ќе заврши војната… можеби како вашиот, можеби и подобар.“

Неколку месеци подоцна, социјалните мрежи не пропуштија да го забележат неговиот нов изглед.

„Облече костум“, напиша еден корисник. „Овојпат носи костум, се надевам дека Американците сега се задоволни“, гласеше друг коментар.

Промената на имиџот доаѓа во чувствителен момент, бидејќи Белата куќа потврди дека за време на самитот Зеленски ќе се сретне со претседателот Трамп, во период на зголемена загриженост за американската улога во посредувањето во руско-украинскиот конфликт.

Loading