Ердоган: Трамп подготвен да учествува на мировни преговори во Турција – ако дојде и Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп му потврдил дека ќе учествува на можните мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, под услов и рускиот претседател Владимир Путин да прифати да присуствува на преговорите.

На враќање од самитот на НАТО, каде што за првпат се сретна со Трамп откако повторно се врати во Белата куќа, Ердоган изјави дека му кажал на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере лидерите на Русија и Украина на територија на Турција, со надеж за почеток на мировен дијалог.

„Тој (Трамп) рече: ‘Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш ќе дојдам и јас’“, соопшти кабинетот на Ердоган денес, цитирајќи го турскиот претседател.

Ердоган додаде дека ќе се воспостават „неопходни контакти“ за ваква средба да се организира што е можно поскоро.

Loading