Се шират снимки на цунами-облак во оваа јужноевропска земја: Туристите избезумени (Видео)

Дел од јужна Европа е погоден од интензивен топлотен бран, при што температурите во некои области достигнуваат дури 42 степени Целзиусови. Ова екстремно време предизвика нестабилни атмосферски појави, вклучувајќи изненадни поројни дождови, силни грмотевици и град, особено во внатрешните делови на земјата.

Во неделата, голем број капачи на неколку плажи во Португалија беа изненадени од необичен и реток облак во форма на „цунами“ што се приближуваше кон крајбрежјето. Овој феномен предизвика внимание и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Станува збор за специфичен облак, редок метеоролошки феномен кој се создава поради интеракцијата на воздушни маси со големи температурни разлики и морски ветрови. Таквите облаци се движат хоризонтално и поради нивниот изглед се нарекуваат и „цунами“ облаци.

Како што температурите продолжуваат да растат, расте и загриженоста од можни големи шумски пожари. Националните служби за заштита од катастрофи на Поругалија издадоа предупредувања со препораки и мерки за превенција. Особено е висок ризикот од пожари во руралните области во внатрешноста на северниот и централниот дел на земјата, како и во јужниот регион.

Loading