Холивуд во шок и тага: Почина познатата холивудска ѕвезда

Познатиот американски актер ќе остане најмногу запаметен по својата улога во култната серија Војна на ѕвездите (Star Trek).

Питер Хенри Шродер почина на 91-годишна возраст. Како што пренесуваат американските медиуми, Шродер починал во болница за ветерани во Лејк Сити, опкружен со своето најблиско семејство. Причината за смртта засега не е објавена.

Зад себе остави ќерка – Валери Лин, син – Питер Хенри Втори, снаа – Фелисија Кристијани, и двајца внуци – Питер Хенри Трети и Џарид Мајкл.

Иако најмногу се истакна со своето појавување во првата епизода на Star Trek: Enterprise, Шродер имаше и значајни улоги во други холивудски проекти. Меѓу нив се вбројува и филмот Арго (2012), добитник на Оскар за најдобар филм. Последен пат се појави на големото платно во 2020 година, во филмот Sammy-Gate.

Како што пренесуваат странските медиуми, актерот и во последните денови од својот живот копнеел по камерата. „Кога ќе ме пуштите? Морам да се вратам во Лос Анџелес на работа“, наводно рекол додека бил во болницата.

Низ својата долга кариера, Шродер соработуваше со бројни холивудски имиња, меѓу кои и Алан Алда и Мерил Стрип. Покрај актерството, тој беше и музичар, настапувајќи под псевдонимот Пит Шрајдер. Во 1960 година го објави синглот Where’s the Girl for Me, а неколку години подоцна и Memories of Marilyn.

Питер Шродер беше и ценет педагог, предаваше актерска уметност на Американската академија за драмски уметности, каде остави траен белег како ментор и инспирација за многу млади актери.

Шоу-бизнисот изгуби уште една легенда, човек кој со својот талент и страст го обележа едно цело телевизиско и филмско време.

Loading