Голема загриженост во Брисел: „Точно знаеме што Трамп договара со Путин, тоа се однесува на цела Европа!“

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија, Украина и Блискиот Исток, Стив Виткоф, се залага за укинување на енергетските санкции кон Русија, јавува Politico повикувајќи се на два извори блиски до темата. Ова прашање е дел од поширока дебата во администрацијата на Трамп за тоа како да се соработува со Москва во време на војна во Украина.

Иако Виткоф се залага за ублажување на санкциите, во администрацијата постојат и спротивни ставови. Министерот за внатрешни работи Даг Бургам нагласува дека треба да се намали зависноста на САД од руски увоз, а не да се зголемува, пренесува Kyiv Independent.

Војната во Украина, сè уште не доби видлив напредок за примирје. Русија продолжува со интензивни напади, а само неколку часа по разговорот меѓу Путин и Трамп, изведен е еден од најмасовните воздушни напади врз украински градови.

Кремљ ја следи внимателно секоја изјава на Трамп, а американскиот претседател изјави дека последниот разговор со Путин не донел никаков напредок.

Во центарот е вниманието на енергетските прашања. Според Politico, Москва и Вашингтон веќе водат преговори за потенцијално повторно активирање на гасоводот Северен тек, што предизвикува загриженост во Брисел. Еден висок функционер на ЕУ оцени дека Трамп и Путин сакаат да го поделат европскиот енергетски пазар и да создадат посебни сфери на влијание.

Стив Виткоф, долгогодишен соработник на Трамп и инвеститор на недвижнини, е предмет на критики поради начинот на кој ги води преговорите со Русија. Во мај NBC News извести дека тој користел преведувачи обезбедени од Кремљ и се сретнувал со Путин дури и по руските напади врз цивилни објекти.

Досега, администрацијата на Трамп не воведе нови санкции кон Русија, и покрај продолжените напади и одбивањето на Кремљ за прекин на огнот.

Loading