Интимна сцена на концерт му ја урна кариерата: Познатиот директор остана без функција и загуби дузина милиони

Сопругата се повлече од јавноста по избувнувањето на скандалот кој доби огромни размери.

Меган Кериган, сопруга на сега поранешниот извршен директор на компанијата „Astronomer“, Енди Бајрон, се повлекла од јавниот живот и се наоѓа во резиденцијата на двојката во Мејн, по експлозивниот скандал што предизвика големо внимание на интернет.

Виралното видео, кое го прикажува нејзиниот сопруг како интимно се гушка до директорката за човечки ресурси во компанијата, Кристин Кабот, за време на концерт на „Coldplay“, брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции.

Според извори на Дејли меил, и други странски медиуми, Меган била опкружена со најблиските, вклучувајќи ја и нејзината постара сестра, во нивниот луксузен дом во Кенебанк вреден 2,4 милиони долари (околу 2,18 милиони евра), додека во позадина се водат разговори за иднината на нејзиниот брак со Бајрон.

Резиденцијата се наоѓа на повеќе од 160 километри оддалеченост од нивниот главен дом во Масачусетс.

Иако не издаде официјална изјава, Меган испратила јасни сигнали дека се дистанцира од сопругот, го отстранила неговото презиме од своите профили на социјалните мрежи и се вратила на моминското презиме Кериган, а делумно ги ограничила и своите објави. Овие постапки се толкуваат како тивок, но решителен одговор на ситуацијата.

Во меѓувреме, Енди Бајрон поднесе оставка од позицијата во „Astronomer“, додека компанијата спроведува внатрешна истрага за настанот.

Привремениот извршен директор Пит ДеЏој изјави дека, и покрај околностите, компанијата останува посветена на својата мисија.

Loading