Се шири стара снимка од Трамп, јавноста шокирана од тоа што го вели за жените (Видео)

Трамп повторно во центар на внимание. Стара снимка повторно кружи низ Интернет, а јавноста шокирана од неговите коментари за жените.

Додека светските медиуми интензивно пишуваат за врските на Доналд Трамп со починатиот милијардер и осуден педофил Џефри Епстајн, на социјалните мрежи повторно се појави интервју од 2006 година, во кое тогаш 60-годишниот Трамп изјавува:
„Да не сум оженет, ќе можев да бирам каква сакам жена!“

Гостувајќи во емисијата на Хауард Стерн, Трамп додал дека е „многу среќен“ со својата сопруга Меланија, но отворено зборувал дека нема проблем да излегува со 24-годишни девојки. На прашањето дали има возраст под која не би одел, Трамп одговорил: „Не сакам да звучам како конгресменот Фоли со деца од 12 години“.

Покрај ова интервју, во јавноста се прошири и стара снимка од 1992 година, на која 46-годишниот Трамп во разговор со млади девојки вели: „Ќе излегувам со неа за десет години.“

Иако Трамп во поново време тврди дека не бил близок со Епстајн, нивната релација датира од 1980-тите, како што пишуваат американските медиумим заедно патувале со приватни авиони и организирале забави на луксузни имоти.

И покрај тврдењата дека со Епстајн немал контакт 15 години пред неговото апсење во 2019 година, изјавите и доказите од медиумите укажуваат на подлабока и долгорочна поврзаност.

Скандалите поврзани со Трамп и жените повторно стануваат тема број еден, иако станува збор за стари снимки, јавноста очигледно не ги заборава.

Loading