Дипломатски пресврт: Постигнато примирје меѓу Камбоџа и Тајланд, посредуваше Малезија

Премиерот на Камбоџа, Хун Манет, и тајландскиот лидер, Пхумтам Вечајачај, соопштија дека е постигнат договор за примирје, односно прекин на огнот меѓу двете земји.

До договорот дошло со посредство на Малезија, а премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, им се заблагодари на двата лидера за нивната конструктивност.

„Ова е клучен прв чекор кон деескалација и повторно воспоставување на мирот и безбедноста“, изјави Ибрахим.

Првите официјални изјави стигнаа од претставници на обете земји. Камбоџанскиот премиер Хун Манет истакна дека средбата поминала многу конструктивно и им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на кинеската влада за нивната дипломатска поддршка.

„Резултатите од разговорите ќе овозможат стотици илјади луѓе од двете страни да се вратат на нормален живот“, изјави Хун Манет.

Тајландскиот функционер Пхумтам Вечајачај нагласи дека неговата земја останува посветена на мирот:

„Примирјето е постигнато во добра волја. Тајланд отсекогаш бил посветен на стабилноста и дијалогот.“

Loading