По силниот земјотрес на Камчатка: Се активираше вулканот Крашеников по 600 години (Видео)

Вулканот Крашеников на рускиот полуостров Камчатка еруптираше ноќта меѓу сабота и недела, што е прва забележана ерупција по речиси 600 години, објави руската новинска агенција РИА.

Научниците сметаат дека ерупцијата е поврзана со неодамнешниот силен земјотрес кој предизвика и предупредувања за цунами.

Според Институтот за вулканологија, последна позната ерупција на Крашеников била во 1463 година. По најновата активност, се појавил облак од пепел висок до 6.000 метри, но во правец каде нема населени места. Министерството за вонредни ситуации издаде „портокалова“ авијациска тревога поради ризик за авионски сообраќај.

Loading