Австралија погодена од најсилното снежно невреме во последните децении (Видео)

Неколку градови во источна Австралија се покриени со најдебел снежен слој забележан во последните децении, што предизвика хаос во сообраќајот и прекин на струја за десетици илјади жители.

Во делови од северозападниот регион Нова Англија, паднал најобилен снег во последните 20 години, додека во соседната држава Квинсленд е регистриран прв снег по една деценија, јавуваат локалните медиуми.

Службите за итни случаи во Нов Јужен Велс интервенирале во над 1.450 случаи. Над 100 возила останале заглавени во снегот, а бура оштетила згради и предизвикала повеќе поплави.

Една жена е пријавена како исчезната откако автомобилот ѝ бил однесен од надојдена вода, соопшти полицијата.

Во некои области се очекува да падне до половина метар снег, а во други над 10 сантиметри дожд.

Loading