Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати јасна и остарa порака до меѓународната заедница, нагласувајќи дека секоја одлука донесена без директно учество на Украина претставува чин против мирот и нема никаква шанса за успех.
„Тоа се мртви одлуки, никогаш нема да функционираат“, изјави Зеленски, алудирајќи на можните меѓународни договори или планови за решавање на војната кои ја исклучуваат украинската страна.
Тој потсети дека украинскиот одговор за прашањето на територијалниот интегритет е јасно утврден и загарантиран во Уставот и дека нема простор за компромис кога станува збор за суверенитетот.
„Украинците никогаш нема да ја предадат својата земја на окупаторите“, додаде Зеленски, испраќајќи сигнал дека Киев останува цврсто решен да ги брани сите свои територии.
Изјавата доаѓа во момент кога на меѓународната сцена продолжуваат дискусиите за статусот на окупираните региони и можните сценарија за завршување на војната.
Паралелно со тоа, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во рамки на можен мировен договор меѓу Русија и Украина ќе се случи „размена на територии“, што би ставило крај на конфликтот кој трае веќе три години – став кој е во директна спротивност со позицијата на Киев.
![]()

