Доналд Трамп објави дека на 15 август во Алјаска ќе одржи состанок со рускиот претседател Владимир Путин, фокусиран на завршување на војната во Украина. Според него, мировниот договор би вклучувал „одредена размена на територии“ во корист на двете страни.
Информацијата беше потврдена и од Кремљ, чии претставници нагласија дека во Алјаска постојат заеднички економски интереси, но и дека во иднина би можел да се одржи состанок и на руска територија.

Според извори на Блумберг (Bloomberg), евентуалниот договор би го замрзнал фронтот во регионите Херсон и Запорожје, со што би се потврдиле дел од досегашните придобивки на Москва, предлог што е политички чувствителен во Киев.
Ако се одржи, ова ќе биде прва средба на врвот САД-Русија по самитот Бајден-Путин во Женева во 2021 година.
![]()

