Обраќањето на Кина доаѓа во пресрет на средбата во Вашингтон меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Кина денес упати повик до сите страни вклучени во мировните преговори за Украина да постигнат договор „што е можно побрзо“. Пекинг нагласува дека поддржува брзо и сеопфатно политичко решение на кризата.
Потсетуваме дека ретходно, Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, без договор за прекин на огнот, но со ветувања за безбедносни гаранции за Украина доколку се постигне спогодба.
Зеленски останува на ставот дека Киев нема да прифати територијални отстапки, иако Трамп порача дека враќањето на Крим или членството во НАТО не се дел од тековната агенда.
Кинеската дипломатија оцени дека разговорите меѓу САД и Русија се „корисен чекор“ кон политичко решение и изрази надеж за постигнување правичен и траен мировен договор.
![]()

