Трамп со закана: „Ќе биде лошо за Русија“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со санкции кон Русија доколку Москва не прифати прекин на огнот во Украина, предупредувајќи дека последиците би можеле да бидат сериозни.

„Сакаме ова да заврши. Имаме економски санкции – зборувам за економски, бидејќи нема да влегуваме во светска војна“, изјави Трамп, пренесува CNN.

Тој не наведе точен рок до кога би можеле да се спроведат новите мерки, но порача дека ако конфликтот продолжи, Русија ќе се соочи со „економска војна“ која, како што нагласи, ќе биде „лоша за Москва“.

Иако се заканува со силни потези, Трамп додаде дека и понатаму гледа можност за посредување и постигнување договор за завршување на војната. Во исто време, тој повторно насочи дел од вината кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека ситуацијата е „многу покомплицирана од очекуваното“.

„Она што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко“, изјави Трамп, но додаде дека е уверен дека ќе успее да помогне во надминување на кризата.

Според CNN, Трамп и претходно повеќе пати поставувал рокови за воведување санкции кон Русија, но истите ги пролонгирал, оставајќи простор за нови обиди за дипломатско решение.

Loading