Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се вклучи во мировни разговори за Украина. Нејзината изјава дојде по телефонските разговори со американскиот лидер Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по масовниот руски напад врз Киев кој ги оштети и канцелариите на ЕУ.
„Путин мора да седне на маса за преговори. Мораме да обезбедиме праведeн и траен мир за Украина со силни и доверливи безбедносни гаранции“, напиша Фон дер Лаен на социјалната мрежа Икс.
Потсетуваме, Москва изврши еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната, при што во Киев загинаа најмалку 17 лица. Западните сили, предводени од САД, разгледуваат можни механизми за гарантирање на украинската безбедност доколку се постигне примирје.
Фон дер Лаен нагласи дека Европа ќе ја преземе својата улога целосно, а како дел од тоа е и новата програма на ЕУ за финансирање на оружје за Украина.
![]()

