Авионoт на рускиот претседател Владимир Путин утринава слета на аеродромот Бинхај во кинескиот град Тјенѓин. На покана на претседателот на Кина, Си Џинпинг, тој ќе престојува четири дена, со посети во Тјенѓин и Пекинг.
Веќе вечерва започнува самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), кој ќе се одржи во Меѓународниот конгресен и изложбен центар Мејџијанг. Путин ќе учествува заедно со лидерите на останатите земји-членки, меѓу кои се Кина, Русија, Индија, Иран и други држави од регионот.
За време на посетата се предвидени и билатерални средби со светски лидери, вклучително и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Темите на разговор ќе бидат соработката во рамки на ШОС, како и заедничката визија на Москва и Пекинг за „праведен светски поредок“.
![]()

