Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, неодамна бил подложен на хируршка интервенција за отстранување на рак на кожа од челото, потврди неговиот портпарол за весникот „Хил“.
Според информациите, Бајден бил опериран со т.н. Mohs техника, при што слоевите кожа се отстрануваат и анализираат под микроскоп сè додека не исчезнат сите траги од канцерогени клетки.
Неколку дена по операцијата, на социјалните мрежи се појави снимка на која Бајден се гледа со видлива лузна на челото, додека излегува од црква во Делавер.
Бајден и претходно имал немеланомски облици на рак на кожа, кои биле хируршки отстранети уште пред неговиот претседателски мандат. За време на редовниот лекарски преглед во 2023 година, кога сè уште ја извршуваше функцијата претседател, од неговиот граден кош бил отстранет и канцероген јазол.
Во мај 2025 година, Бајден јавно соопшти дека му е дијагностициран агресивен рак на простата кој се проширил и на коските. Оттогаш, неговите јавни појавувања се значително поретки.
![]()

