(ВИДЕО+ФОТО) СНИМКИ ОД СТРАОТНА НЕСРЕЌА СЕ ШИРАТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии од тешка сообраќајна несреќа во која учествуваат Ферари Ф8 Трибуто од 300.000 евра и комбе. Судирот се случил во Кнежеството Монако во познатиот тунел Луј Втори под хотелот Фермонт, каде традиционално се вози трката во Формула 1 за Големата награда на Монако.

Според локалниот портал news.mc, ферарито со загребски регистарски ознаки преминало на спротивната лента и директно се судрило со комбе. Три лица се повредени и пренесени во болницата Пастур во Ница.

Црвениот Ferrari F8 Tributo е во сопственост на локална компанија за изнајмување луксузни автомобили од Монте Карло и ангажиран од хрватски државјанин да го вози во Монако. Цените за изнајмување на вакво Ферари започнуваат од 1.000 евра дневно или 3.000 евра за најмалку три дена користење, пишува Јутарњи.

Инаку, „тунелот“ во Монако е еден од најопасните делови на патеката поради две работи: наглото заслепување предизвикано од светлината при напуштање на темниот тунел и при тркање на дожд кога дел од патеката во внатрешноста на тунелот е сув, а остатокот е влажен, што е крајно опасно при големи брзини што ги постигнуваат болидите на Формула 1.

 

 

Loading