Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ, кој пред неколку дена беше осуден, повика на напад врз државни функционери, пренесуваат српските медиуми.
„За само 9,99 динари, нокаутирајте го и вие вашиот ресорен министер“, напиша Трифуновиќ на платформата Икс.

Да потсетиме, Трифуновиќ беше осуден од Вишиот суд во Белград на условна затворска казна од шест месеци, со рок на проверка од две години, поради поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба. Со истата пресуда, Владимир Арсениевиќ од Падинска Скела, кој му ја продал дрогата, беше осуден на три години и четири месеци затвор.
![]()

