Целиот свет внимателно го следеше синоќешниот говор на Доналд Трамп, каде што појасни дел од својот агресивен план за воведување нови царини.
Donald Trump says Lesotho is a country nobody has heard of, while cancelling $8 million US aid to promote LGBTQ in the country.
Lesotho’s Foreign Minister said he was shocked and felt insulted when he heard the statement. pic.twitter.com/hOu8NoS91d
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) March 7, 2025
Иако главни мети на критиките му беа Кина и Европската Унија, најголемиот удар го претрпе една мала африканска држава – Лесото.
Лесото, една од најмалите држави во Африка, доби рекордни реципрочни царини од 50%. Трамп веќе неколку пати ја споменува оваа држава во последните неколку недели, а во март дури и изјави во Конгресот дека „никој никогаш не слушнал за таа земја“. Оваа изјава предизвика смеа кај некои американски законодавци, но и шок кај властите во Лесото.
Министерот за надворешни работи на Лесото, Лејоне Мпотжоане, го нарече овој коментар „шокантен“, потсетувајќи дека САД имаат постојана дипломатска мисија во нивната земја.
„Лесото е член на ОН и на многу други меѓународни организации. Во нашата земја има американска амбасада, како и бројни американски организации“, додаде тој.
Интересно е што Лесото е една од најголемите корисници на американскиот Закон за раст и можности во Африка (AGOA), кој им овозможува на некои африкански земји полесен пристап до американскиот пазар. Сепак, тоа не ја поштеди земјата од драстичните царински мерки.
Според Белата куќа, новите царини од 10% ќе почнат да се наплаќаат од 5 април, додека повисоките стапки за одредени земји ќе стапат на сила на 9 април.
Трамп во својот говор изјави дека овие мерки се неопходни затоа што „другите земји ја искористуваат и ограбуваат Америка“.
![]()

