Американски официјални лица признаа дека претседателот Доналд Трамп нема да успее да обезбеди прекин на огнот во Украина за претстојниот Велигден, што беше еден од неговите клучни надворешнополитички приоритети при почетокот на вториот мандат. Иако Трамп целеше кон примирје до април или до мај, како основа за траен мир, Белата куќа сега признава дека таков договор нема да се постигне во блиска иднина, пренесува британски Телеграф.
🔴 Trump’s Easter ceasefire in Ukraine won’t happen, White House admitshttps://t.co/SxbTYnftwM
— The Telegraph (@Telegraph) April 2, 2025
Според изворите, администрацијата е сè пофрустрирана од тактиките на Кремљ и разгледува дополнителен притисок врз Москва и Киев – вклучително и нови економски и дипломатски санкции. Трамп, кој за време на кампањата се претставуваше како „мировник“, минатиот викенд изрази отворен бес кон Владимир Путин поради одложувањето на преговорите.
Вашингтон се жали и на пристапот на Киев, посебно поради спор околу договорот за минерали и споро напредување во мировните разговори. Американскиот Совет за национална безбедност најави можност за „секундарни санкции“ врз руската нафта, доколку Москва не покаже сериозност.
Во меѓувреме, обостраното кршење на договорите за ненапаѓање на енергетска инфраструктура и продолжените руски воздушни напади ја влошуваат ситуацијата. Дополнителна загриженост предизвикува и најголемата руска мобилизација во последните 14 години – со 160.000 нови воени регрути до јули – што може да најавува натамошна ескалација на конфликтот.
![]()

