Американските акции го продолжија надолниот тренд и во текот на денешното тргување, продлабочувајќи ја распродажбата што започна еден ден претходно, откако новите царини на претседателот Трамп и контрамерките од Кина предизвикаа паника меѓу инвеститорите.
Dow Jones во еден момент падна за дури 1700 поени, односно 4.27 проценти, пред благо да се опорави и да се тргува околу 1200 поени пониско. S&P 500 забележа пад од 3.4 проценти, а технолошкиот Nasdaq Composite се намали за 3.6 проценти.
Индексот на пазарна нестабилност VIX, познат и како „индекс на стравот на Волстрит“, скокна за 40 проценти. Според т.н. индекс на страв, трговското „чувство“ сега сега е означено како „екстремен страв“, со најниско ниво во текот на годината.
„На краток рок, сметаме дека ефективните царински стапки би можеле дополнително да се зголемат, а ако претседателот Трамп не преземе активни чекори за нивно намалување во наредните три до шест месеци, веројатно влегуваме во негативно сценарио – вклучувајќи значајна рецесија во САД и пад на вредноста на акциите“, предупреди Солита Марчели, главна инвестициска директорка за Америка при UBS Global Wealth Management.
![]()

