Елтон Џон сѐ полошо, последната желба растажува: „Ова се последните моменти од мојот живот“

Фановите кои успеаја да дојдат до лимитираното издание на албумот „Кој верува во ангели?“ беа предупредени дека автограмот на славниот пејач можеби нема да изгледа како оној што го паметат од претходните децении. Имено, сер Елтон Џон сега остава само иницијал „Е“ и буквата „х“, што симболизира бакнеж. Дури не беше ни сигурно дали ќе успее да го доврши ова издание, но сепак тоа му појде од рака.

На почетокот на декември ја изненади публиката во театарот на лондонскиот Вест Енд, каде премиерно беше одигран мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“, со Ванеса Вилијамс во улогата на Миранда Присли, за кој Елтон ја напиша музиката. Претходно, во септември, беше објавен документарниот филм за него, со симболичен наслов „Никогаш не е доцна“, во режија на неговиот сопруг Дејвид Фурниш.

„Не знам колку време ми останува“, искрен е Елтон, кого во последниве години го стигнаа сите можни здравствени проблеми – меѓу другото, во 2017 година му беше дијагностициран рак на простатата, кој на крајот му беше отстранет.

Кога се чинеше дека тешкотиите се зад него, следуваа нови – во 2021 година доживеа несреќа и беше принуден да ја одложи прошталната турнеја. При пад си го повреди колкот и двете колена, по што следуваа сложени операции и долг опоравок. Последиците сè уште не се целосно надминати, па и четири години подоцна тешко се движи.

Во една сцена од филмот „Never Too Late“ гледаме како Елтон седи во гардеробата за време на последната турнеја, ги гледа своите работи и вели:
„Се прашувам што ќе се случи со сето ова кога ќе завршам… Ова се последните моменти од мојот живот. Не знам колку време ми останува.“

Беше искрен и на промоцијата на документарецот во Њујорк:

„Не ми остана многу.  Немам крајници, немам слепо црево. Немам простата. Немам десен колк, ни колена… Всушност, единственото што ми остана е левиот колк. Но, сè уште сум тука и не можам доволно да ви се заблагодарам, затоа што вие ме создадовте.“

Елтон Џон и Дејвид Фурниш имаат два сина – Захари Џексон (14) и Елајџа Џозеф (12). Живеат на релација Лондон – Лос Анџелес – Ница. Големите концерти, според сè, се веќе минато. Славниот пејач размислува за крајот, но поради семејството би сакал приказната да трае што е можно подолго.

„Сакам да бидам тука засекогаш. Сакам да бидам тука кога ќе се венчаат и ќе имаат свои деца. Не мислам дека ќе го дочекам тоа, но кој знае… Затоа се трудам да го искористам времето што го имам најдобро што можам.“

Генијалниот Англичанец, чии безвременски хитови и екстравагантна гардероба одамна влегоа во историјата, често истакнува дека нема кариера – иако неговата е „космичка“ – што би му била поважна од неговите синови и семејството.

„Сакам моите деца да бидат среќни, да имаат убав живот… На мојот надгробен споменик треба, пред сè, да пишува ‘беше одличен татко’. Тоа е моето наследство.“

Дејвид, со кого Елтон е во врска повеќе од три децении, беше длабоко потресен од овие изјави:

„Некако сите веруваме дека Елтон ќе живее вечно, толку е весел и полн со енергија… Тешко е да поверуваш дека му е лошо. Но, мораме да се соочиме со реалноста.“

Минатото лето Елтон преживеа сериозна инфекција која доведе до губење на видот на десното око. Не може да чита, да ги гледа синовите како играат фудбал, ниту да функционира како порано – но чувството за (црн) хумор не го изгубил, секогаш подготвен за добра шега на своја сметка. Како што вели песната – „I’m Still Standing“.

Loading