Уште една земја го призна Косово – најавени се дипломатски односи

Судан ја призна независноста на Косово, потврди претседателката на Косово, Вјоса Османи. Веста ја соопшти по средбата со министерот за надворешни работи на Судан, Јусеф ал-Шариф, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција.

Османи изјави дека претседателот на Судан донел официјална одлука за признавање на Косово и дека двете земји ќе воспостават дипломатски односи.

Суданскиот министер нагласи дека одлуката следела по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека овој чекор го смета како почеток на ново партнерство.

Loading