Тамара ја откри здравствената состојба на Панчо

Поп-пејачката Тамара Тодевска, одговарајќи на прашања од своите следбеници на социјалните мрежи, сподели информации и за здравствената состојба на својот колега и близок пријател Панчо од дуото ДНК.

По неодамнешната голема трагедија во Кочани, Панчо беше хоспитализиран, а пејачката сега истакна дека тој е подобро.

„Панчо е, фала му на Бога, подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати“, напиша Тодевска, споделувајќи фотографија од заеднички настап.

Покрај тоа, таа ја објави својата нова музичка интерпретација – преработка на песната „Време за плачење“, во оригинална изведба на Игор Џамбазов. Песната е посветена на жртвите од несреќата во Кочани и претставува трогателен омаж исполнет со емотивен набој и повик за солидарност.

Тодевска и Панчо имаат реализирано неколку дуетски песни, а нивното пријателство и соработка остануваат важен дел од домашната музичка сцена.

Loading