Хрватскиот џез-пијанист и композитор Матија Дедиќ почина вчера на 53-годишна возраст.
Роден во 1973 година во Загреб, Матија беше син на легендарниот пејач Арсен Дедиќ и на познатата пејачка Габи Новак. Потекнуваше од познато уметничко семејство, а својата музичка наобразба ја стекна студирајќи клавир во Грац, Австрија.
Матија беше познат по својот виртуозен стил и по единствената способност да го спои џезот со елементи од класичната музика и домашната музичка традиција. Во текот на кариерата соработуваше со бројни хрватски и странски музичари, но особено се издвојува неговиот албум „Матија му свири на Арсен“, посветен на делото на неговиот татко, преку кој на емотивен и уметнички моќен начин ѝ оддаде почит на музиката на татко му.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на „Порин“ – најпрестижната музичка награда во Хрватска.
Зад себе ја остави својата ќерка.
Неговата мајка, Габи Новак, пред само неколку месеци зборуваше за својот син и неговиот талент.
![]()

