Околу 1.500 лица во 12 европски градови починале за време на последниот топлотен бран, покажува новото истражување кое открива дека климатските промени предизвикани од човекот го зголемиле бројот на жртви за трипати.
Истражувањето покажува дека горењето фосилни горива ја зголемило температурата за 1 до 4 степени Целзиусови, што довело до поголема смртност од екстремна жештина меѓу 23 јуни и 2 јули. Вкупниот број жртви од топлотниот бран се проценува на 2.300, од кои 65% се директно поврзани со климатските промени.
Најголем број жртви имало во Милано (317), Барселона (286) и Париз (235), но највисок процент на смртност е забележан во Мадрид.
Ова е прво вакво брзо истражување за влијанието на климатските промени врз смртноста во екстремни временски услови, а научниците предупредуваат дека со секое зголемување на глобалната температура, ризикот од вакви фатални исходи ќе продолжи да расте.
![]()

