Ирини Мурцуку, 24-годишна жена од Грција, вчера беше уапсена и денес шокираше со признание дека е одговорна за смртта на четири деца – три бебиња и нејзината сопствена сестра, која ја убила пред 11 години, кога имала само 14 години. За последниот случај нема да одговара бидејќи е застарен.
Две од убиените бебиња биле нејзини деца, едното починало во јуни 2022, а другото во октомври 2023. Третата жртва било бебе на нејзина пријателка, кое го усмртила во февруари 2021. година. Обвинета е и за обид за убиство на пријателката, која во 2020 година се спасила откако Мурцуку се обидела да ја задави.
Во првичната истрага Ирини ги негирала сите обвинувања, но под притисок на докази, изјави на сведоци и наоди од лекари и судски вештаци, таа „пукнала“ непосредно пред нејзиниот трансфер од Атина во Патра, и ги признала делата.
„Секогаш кога се карав со мајка ми, сакав да направам нешто лошо“, ѝ рекла на полицијата, пренесува Proto Thema.
Обвинителството и истражниот судија одлучиле за нејзино апсење откако ги разгледале медицинските и судско-медицинските наоди, во кои се наведува дека дел од бебињата биле свесно задавени. Властите процениле и дека постои опасност да изврши нови злосторства ако остане на слобода.
![]()

