Трамп гради сала од 200 милиони долари во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе започне со изградба на нова сала за приеми во Белата куќа, вредна 200 милиони долари, почнувајќи од септември. Проектот ќе биде финансиран лично од Трамп и анонимни донатори.

Салата ќе биде со површина од 90.000 квадратни метри и ќе служи за големи настани и дипломатски приеми. Според портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит, новиот простор е потребен затоа што досегашните капацитети не можеа да примат голем број гости без поставување на привремени шатори.

Ова е само еден од серијата архитектонски и декоративни зафати што Трамп ги прави во резиденцијата. Тој веќе го редизајнираше Овалниот кабинет со златни елементи, го обнови дворот и постави високи јарболски столбови во градината.

Новата сала, според уметничките илустрации, ќе биде богато украсена со златни детали, слична на ентериерите во клубот „Мар-а-Лаго“ во Флорида, кој Трамп често го нарекува „Зимска Бела куќа“.

Loading