Украина изведе ноќни напади со дронови врз неколку руски енергетски објекти, меѓу кои нуклеарната централа во Курск и нафтниот терминал во пристаништето Уст-Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.
Во Курск е оштетен трансформатор, што довело до преполовување на капацитетот на нуклеарката. Според управата, нема повредени и радијацијата е во дозволени граници.
Во Уст-Луга избувна пожар по напад врз комплексот на компанијата „Новатек“, кој е клучен за извоз на нафта и деривати на меѓународните пазари. Гувернерот Дрозденко изјави дека резервоарите со гориво не се зафатени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ноќта уништиле 95 украински дронови во 13 региони, а повеќе аеродроми, меѓу кои и Пулково, привремено ги одложија летовите.
![]()

