Трамп, папата, кралот Чарлс: Зеленски доби поддршка од светски лидери на Денот на независноста на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрото го помина во благодарност до светските лидери за нивните пораки со поддршка по повод Денот на независноста на Украина.

Меѓу нив е и писмото од британскиот крал Чарлс, кој истакнал „најголема почит и длабока восхитеност кон храброста и непокорливиот дух на украинскиот народ“.

Зеленски објави и пораки од Папата Лав и од американскиот претседател Доналд Трамп. Папата во своето обраќање изразил надеж дека „ќе замолкне оружјето и ќе се отвори патот кон дијалог и мир“, додека Трамп повикал на „преговори за трајно решение што ќе стават крај на крвопролевањето и ќе го зачуваат суверенитетот и достоинството на Украина“.

Loading