Американското Министерство за одбрана со месеци не ѝ дозволува на Украина да користи ракети со долг дострел за напади на руска територија, објави Волстрит Џурнал, повикувајќи се на изјави на американски функционери.
Според нив, Пентагон не одобрил ниту еден напад со американските тактички ракетни системи ATACMS уште од крајот на пролетта, ограничувајќи ја украинската армија во користење на ова моќно оружје.
Белата куќа, велат извори, сакала да ја задржи можноста за отворање преговори со Москва и поради тоа вовела процедура на одобрување на највисоко ниво, што фактички ги блокира нападите.
Оваа одлука предизвикува загриженост во Киев, кој инсистира дека му е потребна поддршка за ефикасно да одговори на руската инвазија и да ја одбрани својата територија.
![]()

