Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрото го помина во благодарност до светските лидери за нивните пораки со поддршка по повод Денот на независноста на Украина.
Меѓу нив е и писмото од британскиот крал Чарлс, кој истакнал „најголема почит и длабока восхитеност кон храброста и непокорливиот дух на украинскиот народ“.
Зеленски објави и пораки од Папата Лав и од американскиот претседател Доналд Трамп. Папата во своето обраќање изразил надеж дека „ќе замолкне оружјето и ќе се отвори патот кон дијалог и мир“, додека Трамп повикал на „преговори за трајно решение што ќе стават крај на крвопролевањето и ќе го зачуваат суверенитетот и достоинството на Украина“.
![]()

