Лавров: Украина може да добие безбедносни гаранции само како неутрална држава

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во интервју за NBC дека група држави, меѓу кои и членките на Советот за безбедност на ОН, треба да бидат гаранти за безбедноста на Украина.

Според него, во групата би можеле да влезат и Германија, Турција и други земји. Лавров нагласи дека Украина мора да остане неутрална, неврзана за воени блокови и без нуклеарно оружје.

Тој потсети и на пропаднатите разговори во Истанбул во 2022 година, кога Русија и Украина преговараа за траен неутрален статус на земјата во замена за меѓународни гаранции.

Лавров истакна дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Москва и дека останува отворено територијалното прашање.

Loading