Сè поголем број граѓани во Германија престануваат да излегуваат во ресторани, а за многумина ваквото задоволство веќе претставува луксуз. Поради падот на прометот, бројни угостителски објекти се затвораат, а првите шест месеци од годината донесоа дополнителни загуби.
Според податоците на Сојузниот завод за статистика, приходите на рестораните, земајќи ја предвид инфлацијата, паднале за 3,7 проценти во споредба со минатата година. Реалниот пад од 4,1 процент особено ја погоди гастрономијата, повеќе отколку хотелите и другите сместувачки капацитети.
Од Германското здружение на хотели и ресторани (Dehoga) предупредуваат дека гостите стануваат сè повнимателни, дека поретко јадат надвор, се одлучуваат за поевтини јадења и се откажуваат од предјадења или дополнителни пијалаци.
Ситуацијата дополнително ја влошува враќањето на целосната стапка на ДДВ од 19 проценти за храна на почетокот на 2024 година. Владата најави дека од следната година повторно ќе ја намали стапката на 7 проценти, како во времето на пандемијата, во обид да му помогне на секторот.
И покрај краткиот пораст на прометот за Велигден, летните месеци донесоа ново влошување – во јуни приходите биле за речиси 6 проценти пониски од минатата година.
![]()

