Германија и Индија ги зајакнуваат економските врски во сенка на политиката со царини на Трамп

Германија и Индија се обидуваат дополнително да ги продлабочат економските односи во услови на зголемени тензии поради агресивната царинска политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нашата цел е заеднички да одговориме на предизвиците и да ја зајакнеме соработката,“ изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за време на средбата со својот индиски колега, Субрахманијам Џаишанкар, во Њу Делхи.

Посетата на Вадефул не се ограничи само на политички и економски разговори. Тој одигра и пријателски натпревар во хокеј на трева со ученици од едно локално училиште, а во придружба на поранешни олимпијци. Со овој гест, германскиот министер нагласи дека спортот може да биде инспиративен пример за политиката, бидејќи ја истакнува важноста на тимската игра и заедништвото.

Во рамки на својата дводневна посета, Вадефул престојуваше и во Бангалор, технолошкиот центар на Индија, често нарекуван „Силициумска долина на Индија“. Таму, фокусот беше ставен на можностите за соработка во областа на технологијата и иновациите, кои претставуваат клучен сегмент во современите економски односи меѓу двете земји.

Loading