Вучиќ на маргините: „На заедничката фотографија во Пекинг сам со сопругата во ќоше“ (Фото)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, овие денови престојува во Кина каде учествува на одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Сепак, она што најмногу ја привлече јавноста во регионот не беа неговите говори или официјалните средби, туку местото што го зазеде на заедничката фотографија и во протоколните средби.

На официјалната слика со кинескиот претседател Си Џинпинг и светските лидери, Вучиќ се најде во првиот ред, но од позади. Далеку од Си, Путин и останатите „главни гости“.

 

Социјалните мрежи експлодираа со коментари: „Повторно исклучен, како да има шуга“ напиша еден корисник. Други забележаа дека некои српски медиуми морале „да зумираат“ за да изгледа дека Вучиќ да е поблиску до центарот на збиднувањата. Имаше и саркастични досетки дека протоколот „најважните гости секогаш ги става на крај, бидејќи од таа перспектива изгледаат како на врвот на пирамидата“.

Снимките од колоната по фотографирањето дополнително поттикнаа реакции – Вучиќ и неговата сопруга одеа сосема сами, на самиот крај на поворката.

И покрај протоколните „маргини“, Вучиќ успеа да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата тој се заблагодари за поддршката на територијалниот интегритет на Србија и повтори дека Белград нема да воведе санкции против Москва, останувајќи единствен во Европа со таков став.

Вучиќ додаде дека руските компании како РЖД и Росатом имаат „широко отворени врати“ во Србија, бидејќи енергетската соработка со Москва е од „пресудно значење“.

Loading