Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот категорично го одби предлогот на рускиот претседател Владимир Путин да отпатува во Москва за разговори за дипломатско решение на војната.
Во интервју за главната дописничка на ABC њуз, Марта Радaц, во емисијата „Дис вик“, Зеленски за првпат директно се осврна на понудата.
„Тој може да дојде во Киев,“ рече Зеленски. „Не можам да одам во Москва додека мојата земја е под ракети, под напади, секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист.“
Зеленски нагласи дека Путин добро разбира дека вистински преговори не може да се водат во услови на активна агресија и постојани воени дејства. Украинскиот лидер веќе повеќепати јавно истакна дека Русија не бара искрен дијалог, туку продолжува со офанзивата врз неговата земја.
Рускиот претседател претходно изјави дека „никогаш не бил против средба со Зеленски“ и додаде дека, доколку украинскиот претседател е подготвен, „средбата ќе се одржи во Москва“.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, кој настојува да одигра историска улога во меѓународната политика, изјави дека средбата на двајцата лидери е приоритет во неговите обиди за посредување во мировен договор. „На крајот, ќе ги ставам двајцата во иста просторија,“ рече Трамп во август за Фокс њуз
![]()

