Русија ќе започне преговори за решавање на украинскиот конфликт откако САД ќе назначат свој официјален претставник, а потоа и Москва ќе ја формира својата преговарачка екипа.
Ова го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пишуваат руските медиуми.
„Сè уште ја очекуваме американската администрација да именува официјален претставник за започнување на преговарачкиот процес и да ја формира својата преговарачка екипа. Соодветно на тоа, дури потоа ќе можеме да го определиме рускиот тим“, изјави Захарова.
Таа исто така се осврна на можноста за учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски во преговорите, доведувајќи ја во прашање неговата легитимност поради истекувањето на неговиот мандат. Захарова истакна дека европските сојузници и поддржувачи на Зеленски зборуваат само за продолжување на воените дејствија, но не и за дипломатија и мир.
Останува да се види како ќе реагираат САД и западните земји на овој услов од Москва и дали ќе дојде до официјален почеток на преговарачкиот процес.
![]()

