Сензацијата на Оскарите 2025 беше филмот „Анора“, кој освои пет Оскари, вклучувајќи ги најважните категории: Најдобар филм, Најдобра главна женска улога и Најдобар режисер. „Анора“ предизвика контроверзии бидејќи во него играат неколку руски актери.
За што зборува најдобриот филм на Оскарите 2025?
Прво, важно е да се истакне дека „Анора“ е американски филм, снимен во САД, под режисерска палка на Шон Бејкер.
Приказната ја следи љубовта на една проститутка и син на руски олигарх, која од среќна се претвора во трагична. Бидејќи станува збор за руски ликови, режисерот вклучил неколку познати руски актери.
Кои руски актери глумат во „Анора“
Марк Ајделштајн (23) – Талентиран млад актер, наречен „руски Тимоти Шаламе“ поради визуелната сличност. Го игра главниот лик – синот на олигархот, Иван.
Алексеј Серебрјаков (60) – Го игра таткото-олигарх. Познат е по своите антивоени ставови и критики кон Путиновиот режим.
Јура Борисов (32) – Првиот руски актер номиниран за Оскар (не ја доби наградата). Познат поддржувач на режимот, учествувал во пропагандни филмови. Неговата улога во „Анора“ предизвика големи протести против номинацијата на филмот.
Содржина на филмот: „Што се случи во Вегас, останува во Вегас“
Младиот Иван, син на богат руски тајкун, за време на бурни ноќи со алкохол, дрога и забави, се запознава со Анура (Мајки Медисон, добитничка на Оскар за главна женска улога), имигрантка од Средна Азија, која работи како проститутка и ја гледа шансата на својот живот. Иван ѝ нуди двонеделен договор – да биде само со него.
Првиот дел од филмот е исполнет со младешки авантури, пијанства и љубовни сцени, но потоа следува пресврт. Иван носи цела екипа на приватен лет во Лас Вегас, каде што тој и Анура се венчаваат.
Тогаш почнува драматичниот заплет – „чуварите“ на Иван, пратени од неговиот татко, ја киднапираат и ја малтретираат Анура, барајќи да го поништи бракот. Иван се освестува и бега, а неговите родители итно доаѓаат од Русија за да ја решат ситуацијата.
Без да го откриваме целосно крајот, може да се каже дека мечтата на Анура ќе се распадне – како стаклена илузија, скапа бунда и неколку „валкани“ долари. Бидејќи, како што филмот алудира – парите секогаш победуваат.
Јура Борисов – улогата што предизвика контроверзии
Јура Борисов ја игра десната рака на чуварот на Иван – насилен криминалец, кој без проблем користи бејзбол палка или крши раце. Но, токму тој е единствениот што покажува емпатија кон Анура по нејзиниот пад во бездната на поразот.
Завршниот чин носи симболична поврзаност – проститутка и бандит, две изгубени души во свет на неуспеси. И можеби токму тоа им ги донесе номинациите за Оскар 2025.
![]()

