Нов удар за Украина: Уште едно важно ограничување од САД

Според официјалното објаснување на компанијата, ограничувањето е воведено „како одговор на административно барање“.

Американската воздухопловна компанија „Максар Технолоџис“ (Maxar Technologies) донесе одлука да го ограничи пристапот на Украина до своите сателитски снимки, објавија денес украинските медиуми.

Според официјалното објаснување на компанијата, ограничувањето е воведено „како одговор на административно барање“, односно поради забраната на американската влада за споделување на разузнавачки податоци со Украина.

Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, преку Стејт департментот, забрани на американските компании и комерцијални служби да ѝиспорачуваат сателитски податоци на Украина.

На 5 март, САД официјално соопштија дека ја прекинуваат размената на разузнавачки информации со Украина, а ова ограничување се однесува како на државните, така и на приватните корисници.

Овие податоци беа користени, меѓу другото, за таргетирање на стратешки цели во Русија, како и за употреба на прецизно насочено американско оружје во близина на линијата на фронтот.

Веќе следниот ден, францускиот министер за вооружени сили, Себастијан Лекорни, изјави дека Франција е подготвена да ги сподели своите разузнавачки податоци со Украина, ставајќи се во улогата на САД.

Loading