И Русите постат пред Велигден, но според различни правила од нас: Овие се клучните разлики – една ќе ве изненади!

Велигденскиот пост за православните верници започна на 3 март и трае до 19 април. Русите, исто така, постат пред Велигден, а и кај нив тоа не се сведува само на посна храна. Најважно е воздржувањето во морална смисла и да „не се јадат“ своите ближни, односно да се избегнува гнев и раздразливост.

Велигденскиот пост – најстрогиот православен пост

Велигденскиот пост започнува веднаш по Масленица, руски празник кој е една недела пред постот, и трае 48 дена, сè до Велигден. Тој се состои од 40 дена (во спомен на постот на Христос), два празнични дена (Лазарева сабота и Цветници) и Страдалната недела.

Постот подразбира откажување од производи од животинско потекло, но не е диета – неговата суштина е духовно прочистување и подготовка за прославата на Христовото Воскресение.

Првиот ден од постот се нарекува Чист понеделник. Овој ден се посветува на чистење на домот, а Русите на овој ден одат во бања. Денот продолжува со борба против лошите мисли со молитва, како и подготовка за воздржување од храна и забава.

Црквата препорачува на здравите верници целосен пост во понеделник (само вода). Во вторник е дозволено само леб и вода, а во среда – сирова храна без масло. Првата и последната седмица на постот се најстроги, но за деца, бремени жени, старци и патници се дозволени одредени олеснувања.

Од што треба да се воздржат верниците?

Во текот на целиот пост, верниците треба да не консумираат месо, животински масти, млечни производи и јајца.

Рибата и морските плодови се дозволени само двапати: на Благовештение и Цветници.
Кавијарот е дозволен на Лазарева сабота.
Алкохолот е забранет, освен црвено вино кое може да се консумира во неделите, на Лазарева сабота и на Велики четврток.

Како се хранат Русите за време на постот?

Во работните денови, Русите јадат само еднаш дневно (навечер), додека за време на викендите – двапати дневно.

Понеделник, среда и петок – само сирова храна, без масло.
Вторник и четврток – варена храна, но без масло.
Викендите – варена храна со масло.

Најчести јадења се житни каши (од јачмен, овес, хељда), зеленчук, овошје, јаткасти плодови, мешунки, печурки, леб и мед. Подготвуваат лесни супи, вегетаријански ќофтиња, посни теста. Препорачливо е да се избегнуваат зачини и пржена храна – најдобро е да се вари, динста или пече.

Од пијалаци се дозволени вода, чаеви, кафе, цикорија и компоти.

Важен принцип на постот е умереноста – не треба да се прејадуваме, дури и ако храната е посна.

Најстрогата седмица – Страдалната недела
Последната недела пред Велигден се нарекува Страдална (Страсна) недела и се смета за најстрога: Понеделник – Среда: сирова храна без масло.
Четврток: варена храна со масло и чаша вино.
Петок: целосен пост (само вода).
Сабота: сирова храна без масло, но дозволено е вино.
Недела (Велигден): верниците подготвуваат руски козињак и бојадисани јајца.

Кои се разликите со нашиот пост?

Разликата што најмногу може да изненади е строгата шема на исхрана и строгата дисциплина во исхраната кај Русите за време на Великиот пост. Најголем дел од Русите кои постат, во работни денови најчесто јадат само еднаш, обично навечер, а во повеќе денови во текот на постот се препорачува целосен пост без храна – само со вода.

Постои строга шема на исхрана: понеделник, среда и петок – само сирова храна без масло, вторник и четврток – готвена храна без масло, а само за време на викендите е дозволена готвена храна со масло.

Минимална употреба на зачини и избегнување интензивни вкусови, бидејќи се смета дека храната не треба да предизвикува уживање, туку само да служи за одржување на организмот.

Што уште е забрането за време на постот во Русија?

Гатање, хороскопи и магиски ритуали (црквата воопшто не ги одобрува).
Пушење и жестоки алкохолни пијалаци.
Интимни односи – затоа православната црква не венчава за време на постот.
Забави, веселби и гласна музика.

Целта на Великиот пост

Главната цел на постот е борба против страстите и духовно приближување до Бога. Дури и ако некој не може целосно да се воздржи од храна, може да го искористи ова време за добри дела, молитва и покајание.

Loading