Кои јајца се најдобри за вапсање: Старински тајни за совршено обоени велигденски јајца

Секој Велигден ни носи традиционален момент полн со радост: вапсањето јајца. Но дали некогаш сте се запрашале зошто на некои бојата секогаш им излегува рамномерна, интензивна и без оштетувања на лушпата?

Тајната не е само во боите – туку и во самите јајца.

Според препораките од руски гастрономи, постојат неколку јасни правила и совети кои јајца да ги одберете за најдобри резултати. Еве ги сите детали/

Бела или кафеава лушпа – која е подобра?

Белите јајца се најдобрите за вапсање со светли и пастелни бои. На нив бојата се покажува појасно и добивате резултати што изгледаат како слика. Кафеавите, пак, се идеални ако сакате потемни и подлабоки нијанси. На пример, ако користите природни бои како лушпа од кромид, на кафеава лушпа ќе добиете поинтензивен ефект.

Мазна или груба површина?

За најрамномерно бојадисување, секогаш одбирајте јајца со мазна лушпа. Таа овозможува бојата убаво да се распредели без дамки. Јајцата со груба површина често создаваат интересни шари и текстури – идеални за креативци кои сакаат уникатни јајца.

Големина и форма

Малите јајца се полесни за варење и вапсање, но поголемите изгледаат поефектно ако ги користите за декорација или за велигденската игра со кршење јајца. Иако малите се обично поиздржливи при кршење. Важно е јајцата да бидат што е можно повеќе со правилна форма, за лесно нанесување на налепници, шаблони или други украси.

Цврстина на лушпата

Јајцата од домашни или органски фарми обично имаат поцврста лушпа бидејќи кокошките се хранети со природна храна богата со калциум. Овие јајца се речиси отпорни на пукање при варење и совршени за “борба” со велигденските јајца.

Свежина – многу важна работа

Не користете премногу свежи јајца – тешко се лупат по варење. Најдобро е да купите јајца неколку дена пред Велигден. Ако не сте сигурни колку се свежи, ставете ги во сад со вода – свежите ќе потонат, додека постарите ќе почнат да пловат. Избегнувајте јајца со дамки– тие можат лесно да се распукнат.

Неконвенционален избор: јајца од препелица

Ако сакате нешто навистина впечатливо, пробајте јајца од препелица. Нивната пегава лушпа создава уметнички ефект дури и со минимална боја. Идеални се за декоративни чинии, подароци или само за впечаток.

Важни совети:

Откако ќе ги сварите, оставете ги јајцата да се изладат на собна температура, потоа преминете на вапсањето. А ако сакате бојата да биде долготрајна и да има сјај – нанесете малку масло на меко марамче или памукче и втријте го врз обоеното јајце.

Loading