Хамас изрази подготвеност веднаш да почнат преговори за примирје во Појасот Газа

Палестинското политичко и воене движење Хамас вчеравечер соопшти дека е подготвено веднаш да започне сериозни преговори за спроведување на новиот предлог за прекин на огнот со Израел, кој го добиле преку посредници.

„Ги завршивме внатрешните консултации, како и консултациите со другите палестински сили во врска со најновиот предлог за запирање на агресијата врз нашиот народ во Газа,“ се наведува во соопштението на Хамас.

Одговорот веќе бил поднесен до посредниците и, како што велат од движењето, тој е позитивен.

Конфликтот во Појасот Газа започна на 7 октомври 2023 година и сè уште трае со тешки последици по цивилното население.

Loading