Трамп: Многу сум незадоволен од разговорот со Путин, можно е заострување на санкциите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој се одржа пред два дена и не донесе никаков напредок во правец на завршување на војната во Украина.

„Му реков дека ситуацијата е многу тешка. Тој сака да продолжи до крај, да убива луѓе – тоа не е добро“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Тој најави дека би можел да воведе нови санкции против Русија, откако во изминатите шест месеци се обидувал да го убеди Путин да го прекине конфликтот.

Трамп потврди и дека во петокот имал „многу стратешки разговор“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, поради зголемената загриженост во Киев околу испораките на американска воена помош.

Loading