Украина отворена за директни разговори со Русија за територии – состанокот е сѐ поблизу

Украина е подготвена да разговара за територијалниот спор со Русија преку директна средба меѓу претседателот Владимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин. Ова го изјави првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина, Сергеј Кислица, во интервју за NBC News.

Кислица нагласи дека почетна точка за можни преговори би можела да биде постојната линија на фронтот, но истакна дека украинскиот народ е „категорично против размена на територии во нашата земја за мир“.

„Мислам дека претседателот Зеленски јасно даде до знаење дека е подготвен да седне со претседателот Путин и да разговара за тоа, а почеток на разговорите околу територијалното прашање е токму линијата на контакт која постои во моментот,“ рече Кислица.

Иако Зеленски досега јавно ја отфрлаше можноста за било какви територијални отстапки кон Москва, поединечни медиумски извештаи тврдат дека би можел да прифати замрзнување на сегашните линии на фронтот како привремено решение.

Loading