Орбан летува во Хрватска, дошол со приватен авион – уловен на неговата јахта со секси име (Фото)

Унгарскиот опозициски лидер Петер Маџар објави на социјалните мрежи серија фотографии од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се одмора на хрватскиот остров Брач.

Маџар, кој е најголем критичар на Орбан и негов политички ривал,  објави фотографии за кои тврди дека ги добил од фотограф што случајно се нашол во близина на унгарскиот лидер.

Јахтата на која бил забележан Орбан се вика „Hot Stuff“ („Жешка работа“) . Таа е дизајнирана специјално за Орбан во 2022 година, долга е 17 метри, има капацитет за 12 лица, шест кабини и три бањи со тушеви.

Од Брач, тој се префрлил на островот Вис. Инаку, ова не е првпат Орбан да летува во Хрватска.

Loading