Голема Богородица, односно Успение на Пресвета Богородица, е еден од најголемите христијански празници кој се празнува со особена љубов и почит. Како и за другите црковни празници, така и за овој ден постојат бројни народни верувања и обичаи што се пренесуваат на генерации.
Според традицијата, тревките и растенијата собрани на овој ден имаат посебни лековити својства. Жените берат боровници и лековити билки, верувајќи дека ќе донесат здравје и благосостојба во нивните домови. Посебно место има босилекот, кој се смета за божествена билка. На празникот, жените го додаваат во храната за заштита од зло и за благослов од Пресвета Богородица.
Болните луѓе, пак, според старите обичаи, се мијат на извори со лековита вода, со надеж дека Пресветата Богородица ќе им подари исцеление.
За време на празниците Голема и Мала Богородица во народните верува постојат и бројни забрани, особено за домашни работи, бидејќи деновите се посветуваат на благодарност кон Пресветата Богородица, заштитничка на жените, мајките и децата, но и на плодноста, родноста и семејната хармонија.
![]()

