Во мексиканскиот Сенат во средата избувна жестока тепачка со туркање, викање и удари, откако опозицискиот лидер Алехандро „Алито“ Морено (PRI) физички го нападна претседателот на Домот, Герардо Фернандез Нороња (Morena), при крајот на седницата.
Судирот започнал по жестоката расправа за присуството на странски вооружени сили во Мексико. На снимките се гледа како Морено го влече и турка Нороња, додека овој возвраќа со повик „не ме допирај“.
Нороња изјави дека бил навредуван и физички нападнат, па дури и добил закани по живот. Тој најави вонредна седница во петок, со предлог за исклучување на Морено и уште тројца пратеници на PRI од Сенатот.
![]()

