ФБИ отвори истрага за вооружениот напад во католичко училиште во Минеаполис, при што загинаа две деца на возраст од осум и десет години, а 17 други лица беа повредени.
Нападот се третира како домашен терористички чин и злостор од омраза насочен кон католиците, изјави директорот на ФБИ, Каш Пател.
Напаѓачот, 23-годишниот Робин Вестман, отворил оган преку прозорците на црквата за време на детска миса, користејќи повеќе огнени оружја. Тој подоцна бил пронајден мртов, со самонанесена прострелна рана. На местото биле откриени и десетици чаури, како и бомба со чад.
„Ова беше свесен чин на насилство против невини деца и верници,“ изјави шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, додавајќи дека суровоста на нападот е „апсолутно незамислива“.
Папата Лав XIV, првиот американски папа, упати сочувство, истакнувајќи дека е „длабоко потресен“ од трагедијата.
Истражните органи и понатаму работат на утврдување на мотивите на напаѓачот.
![]()

